Настани 1069812_277070655766692_1672920285_n

26 јули, 2013

Утре стартува Д ФЕСТИВАЛ 2013!‏

Утре, на 27-ми јули во Дојран се одржува Д ФЕСТИВАЛ, кој е целосно подготвен за своето трето издание и ново незаборавно фестивалско доживување. За својата публика фестивалот подготви музичка програма која е комбинација од артисти докажани во својот музички квалитет, но и по способноста да предизвикаат еуфорична забава на нивните настапи.

Гаранција за такво искуство се и ѕвездите на фестивалот ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ – бендот кој обезбеди епитет на еден од глобално најпрепознатливите изведувачи од овие простори и кој помеѓу повеќе од 70 концерти закажани годинава и преку настапите во Колумбија, Москва, големиот Роскилде фестивал во Данска и новиот постигнат рекорд на посетеност на Егзит, доаѓаат на Д Фестивал прв пат концертно да го претстават новиот албум „Апсурдистан“, во пакет со својот префинет цинизам, оригинален музички став и искрен настап во живо! Покрај веќе нив на Д Фестивал 2013 ќе настапат, најпродуктивниот и респектиран македонски реге состав „Конкеринг лајон“ (Conquering Lion) и секако, бунтовната и алтернативна музичка дружина на Пеперминт. Дел од фестивалот се и холандските балканци „Амарици“ (Amariszi) кои со возбудливата музика, импресивниот изглед на сцената, анимираноста и ентузијазамот, прават одлична забава на секој настап! На Д Фестивал, публиката ќе има прилика да ужива и во аудио-визуелниот перформанс на Дискобајаги, дуото карактеристично по енергичните перформанси кои се резултат на уникатниот пристап кон миксот на музика и видео, а забавата ќе продолжи потоа и до раните утринскичасови со резидент диџеите кои се селекција на најдобрите диџеи на Антена 5 Радио.

Вратите на фестивалот ќе бидат отворени за посетителите во 19:30 часот, а од 20:00 часот артистите на Д Фестивал ќе настапат по следниот редослед:

AMARISZI

ПЕПЕРМИНТ

CONQUERING LION

DUBIOZA KOLEKTIV

DISKOBAJAGI

ANTENNA 5 DJs

За публиката која ќе допатува на дојранското крајбрежје токму за Д ФЕСТИВАЛ, го објавуваме и возниот ред на автобуските релации кон Дојран, од Скопје и Гевгелија.

Цената на автобуските билети од Скопје до Дојран е 410 денари, а билет во двата правци ќе ве чини 590 денари. Автобусите сообраќаат на оваа релација секој ден, во 07:30 и 08:30 часот од Скопје и во 16:00 и 00:30 часот од Дојран. Контакт телефоните за дополнителни информации за овие автобуски релации се:  +3892 2466-313 и +3892 2466-011.

Секојдневно е достапна и автобуската релација Гевгелија-Дојран-Гевгелија, а цената на овие билети изнесува 100 денари во еден правец.

Информации за сместување во Дојран, препораки за ресторани и интересни места за посета во околината побарајте на www.dojran-info.com, или пишете на: infocentar@dojran-info.com. Општи податоци за Дојран и околината, сместувачки капацитети, пријава на туристи и сите видови туристички информации посетителите можат да најдат и во Информативниот центар, лоциран на почетокот во Стар Дојран. Центарот е отворен секој ден од 07:00 до 20:00 часот, а за потребните информации сите заинтересирани можат да се обратат и на телефон: +389 34 225 277.

Д Фестивал ќе се одржи утре на 27-ми јули, на просторот на паркингот Гранит во Дојран.

Влезниците за Д Фестивал се достапни во претпродажба по промотивна цена од 250 денари, која ќе важи сѐ до самиот старт на фестивалот, кога нивната цена ќе изнесува 300 денари.Претпродажбата се спроведува во продажната мрежа на МКтикетс:

• Продажните салони на ONE во Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.

• Скопје: Југотон ГТЦ 1ви кат, Кафе Браво, Цвеќара Розе (Веро 2), Камарад (Рамстор), Кафе Круг (Аеродром)

• Дојран: Сендвичара Џина

• Агора – Куманово

• Кашмир – Куманово

• Кафе Бар Галерија – Крива Паланка

• Aqua Park – Пробиштип

СЕ ГЛЕДАМЕ НА Д ФЕСТИВАЛ 2013!

 



Врати се горе ↑