Македонија 01-Boris-Trajkovski

25 февруари, 2016

Утре се одбележуваат 12 години од смртта на Претседателот Борис Трајковски

Утре, 26 февруари, се одбележуваат 12 години од трагичната смрт на Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, кој беше особена личност и народен човек кој го живееше својот живот посветен на својата земја.

Поради тоа во чест на поранешниот шеф на нашата држава, утре пред споменикот кој се наоѓа на платото пред најголемиот спортски комплекс во нашата држава, СЦ „Борис Трајковски“, директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Златко Перински, директорот на Агенција за млади и спорт, г-дин Марјан Спасески, претседателот на советот на општина Карпош, г-дин Сашо Лазаревски, претставниците на Спортското радио, како и претседателот на Сојуз на спортови на Македонија, г-дин Борче Боев ќе оддадат почит и ќе положат спомен цвеќе.

Локација: СЦ „Борис Трајковски“

Датум: 26.02.2016, петок

Време: 11:00 часот

 



Врати се горе ↑