Македонија

20 декември, 2018

Утре на пладне: нов сингл и видео на Кирил Џајковски

Македонскиот композитор и продуцент Кирил Џајковски по подолга дискографска пауза, се враќа на сцената со нов сингл насловен „Reminder“, кој проследен и со одличен видео спот, премиерно ќе биде претставен во петок, 21 декември на пладне.

Новата песна ја претставува и првата соработка на Џајковски со вокалистот Дејвид Лајон (David Lion), кој е нов член во неговиот концертен бенд и е прво издание во низата синглови со нова музика на најпопуларниот македонски електронски артист што ќе бидат објавени во текот на следните месеци.

Синглот „Reminder“ ќе го објави „Филтер лејбл“, а од утре (петок, 21 декември) во 12 часот ќе биде достапен за слушање и симнување преку сите водечки дигитални сервиси во светот.



Врати се горе ↑