Македонија ndpw2e

28 февруари, 2013

Утре излегува деби албумот на „Фулиш грин“ – „ESCAPE“

После навестувањата со новогодишниот сингл „Laika“ и лајв видеото за песната „Sun Is Gone“утре (01.03.2013) официјално излегува деби албумот на „Фулиш грин“ (FOOLISH GREEN) насловен „ESCAPE“. Ова е првиот лонг-плеј албум на групата, но и едно од ретките психоделик поп / рок’н’рол изданија на нашите простори, на кој бендот претставува вкупно 12 композиции. Новото студиско остварување на  веќе почна да ги собира одличните оценки на рецензиите и од музичките медиуми во регионот. „Она што се ’Палма вајлетс’ на почетокот од годината на странската сцена, тоа со сигурност би можеле да бидат ’Фулиш грин’ на регионалната сцена (…). Да доаѓаат од Британија, сигурно би биле ‘најдобриот бенд на светот’…“ ,  оценува најпопуларниот хрватскиот музички портал „Музика.хр“.

„Escape“ е снимен во домашно студио, со мастеринг на Дарко Спасовски – Пацки, додека зад музиката се потпишува Ненад Стефановски – Брус, а концептот за обвивката на албумот и дизајнот се на Мики Стефановски. Албумот е издание на „Пасворд Продакшн“ (Password Production) и можете да го набавите во: Југотон.

„Фулиш грин“ концертно ќе го промовираат „Escape“ на 15.03.2013 во арт-киното „Фросина“ (МКЦ, Скопје). Гости на овој концерт на „Фулиш грин“ ќе бидат Џун (JUNE), диџеј Гоце и ЛД Пистолеро (LD Pistolero).

Билетите за концертот на „Фулиш грин“ се веќе достапни во претпродажба, во продажната мрежа на МК Тикетс, по цена од 200 денари. Цената на билетите на денот на концертот, кои ќе се продаваат на билетарата на МКЦ, ќе биде 250 денари.



Врати се горе ↑