Македонија bobiandonov

18 октомври, 2012

Уште една нова песна на Боби Андонов

Австралијанецот со македонско потекло Боби Андонов, на неговата страница за фанови на фејсбук објави дека наскоро ќе ја промовира неговата најнова песна со наслов „Saving you”(Спасувајќи те). За оние кои не знаат, Боби е младо талентирано момче кое ја претставуваше Македонија на детскиот Евросонг во 2008 година со песната „Прати ми СМС“.

Но, можеби најзначајно за започнување на неговата кариера беше пријавувањето на австралиското музичко шоу „Австралија има талент“ во 2010 година. Уште на првата аудиција кога ја отпеа „Алелуја“, жирито и целата публика останаа без збор. Неговиот талент го однесе до финалето, но за жал го освои само четвртото место. Сепак, тоа беше само почеток на неговата кариера која се надеваме ќе прерасне во светска.

Од 2010 година до сега, Боби има зад себе неколку прекрасни песни, од денес премиерно ќе Ви ја претставиме новата песна на Боби Андонов со наслов Saving You!

 

 

 



Врати се горе ↑