Настани бв

2 ноември, 2015

Успешно започната првата македонска стенд-ап турнеја

Актерот и стенд-ап комичар Бојан Велевски успешно ја започна својата голема македонска турнеја низ 30 градови. По одличните настапи во Штип и Крива Паланка, на 5 и 7 ноември продолжува со стенд-ап комедија во Кочани и Гевгелија, а потоа следуваат и останатите градови од источна Македонија. Сите настапи се одржуваат во домовите на култура.

Бојан е првиот македонски стенд-ап комичар кој се реши на ваков чекор – да ги посети сите македонски градови и бар за момент публиката која доаѓа да заборави на своето секојдневие и да се препушти на смеата. Материјалот од час и половина го подготвува сам, а покрај турнејата, активен е со видеа на Јутјуб, како и во играната серија „Цимери“.

 

„Во Штип и Крива Паланка докажавме дека  народот е навистина жеден за стенд-ап комедија. Продолжувам со исто темпо и во останатите градови од државата. Сакам да го направам она што не го направил ниту еден стенд-ап комичар кај нас – да направам голема турнеја во сите македонски градови, која ќе финишира во Скопје. Луѓето знаат да препознаат квалитетна комедија и добар хумор, а воедно и добро да се забавуваат“, вели Бојан за неговата турнеја.

До следниот настап насмејте се со неговото последно видео „Ало докторе!“.

 



Врати се горе ↑