За Вас

6 ноември, 2018

Успешни музичари што сè уште имаат трема пред настап

Иако некои од светски популарните музичари голем дел од својот живот го поминуваат на турнеи и настапувајќи пред илјадници луѓе, тоа не значи дека тие сосема ја совладале тремата и нервозата пред настап. Според Американската асоцијација за анксиозност и депресија, „стравот од настап во живо може да биде огромен товар на една личност и да влијае на самодовербата… многумина, вклучувајќи и искусни професионални изведувачи, тивко страдаат (зад сцената)“.

Без оглед на тоа што на концертите и настапите изгледаат сигурно и самоуверено, голем број од најпопуларните пејачи признале дека сè уште имаат трема, дури и напади пред да се качат на сцена. Од обична трема до сериозни здравствени нарушувања, причините се бројни… но, на крајот од денот и тие се само луѓе. Кој сè имал пеперутки во стомакот или повратил среде концерт, прочитајте во продолжение.

Related image

Адел (понекогаш) неконтролирано повраќа

Адел е англиска пејачка и авторка која со емотивните балади го освои светот, а на нејзината колекција со награди и признанија можат да ѝ завидуваат многу музички ветерани. Но, и покрај тоа што зад себе има и бројни концерти, таа сè уште има трема пред речиси секој настап.

Во разговор со „Ролинг стоун“, таа признала: „Умирам од страв. Пред еден концерт во Амстердам, бев толку нервозна што избегав преку излезот за пожар. Исто така, имам и повратено неколку пати. Еднаш во Брисел дури и повратив врз некој што стоеше во близина“, открила таа.

Related image

И „Принцот на темнината“ сè уште има трема

Имајќи ја предвид количината на дрога и алкохол што Ози Озборн ја користел во текот на животот, сигурно ќе помислите дека е доволна за да ја совлада нервозата пред настап. Но, во неговата автобиографија „Јас сум Ози“ (2010), фронтменот на „Блек сабат“ признал дека и после толку години со настапи пред милиони луѓе, сè уште чувствува страв.

„Да речам дека страдам од трема пред настап е исто како да речеш дека малку те боли ако те погодат со атомска бомба“, тврди тој.

Related image

Еди Ван Хејлен се опивал за да ја совлада тремата

Еди Ван Хејлен се смета за еден од најдобрите гитаристи на сите времиња, но легендарниот музичар страдал од анксиозност долго време пред да почне да настапува. Во разговор со „Есквајр“, тој признал: „Кога почнав да свирам пред луѓе, станував премногу нервозен“, а подоцна открил дека алкохолот може да му „помогне“.

За среќа, „убивањето“ на тремата со алкохол не траела долго, но дури и откако се откажал од пиењето, анксиозноста зела уште поголем замав и тој сè уште се бори со овој ужас пред секој настап…

 

 

Related image

Лорд страда од напади на анксиозност

Новозеландската ѕвезда Лорд е позната по енергичните настапи, така што и не е толку очигледно дека често страда од напади на анксиозност. „Пред да се качам на сцена, буквално сум закочена од еден дури парализирачки страв“, признала таа, додавајќи дека не му го посакува тоа ни на својот најголем непријател. „Тоа е најлошиот половина час од мојот живот, секоја вечер! Сепак, штом се качам на сцена, сето тоа е заменето со магија“, заклучила Лорд.

Image result for demi lovato live

Деми Ловато ги става обожавателите на прво место

И покрај тоа што некогашната Дизниева ѕвезда делува смирено и прибрано, толпата луѓе пред и по настап може да ја извади од такт. Чувството кога е сред толпа обожаватели кои сакаат да ја допрат дополнително може да ја влоши нејзината кревка состојба. Ловато секогаш отворено зборувала за своето ментално здравје и никогаш не криела дека страда од биполарно растројство и депресија, што уште повеќе придонесува за нападите на анксиозност кога е опкружена со многу луѓе.

Сепак, таа секогаш се труди да ги остави своите проблеми на страна и да им возврати на љубовта на своите обожаватели, дури и ако тоа значи да се стави себеси во непријатни ситуации.

Image result for harry styles live

Хари Стајлс повратил сред концерт

Шест години како дел од сензацијата „Уан дајрекшн“ и сега како соло-изведувач, Хари Стајлс има одржано стотици концерти ширум целиот свет. И покрај сето тоа, тој често има трема, понекогаш до степен на повраќање пред, но и за време на самите настапи.

За среќа, тремата на го уплашила доволно за да се откаже од турнеите, а за разлика од мошне активниот и набиен период со „Уан дајрекшн“, соло-проектите ги прави по своја мера и на свој начин.

Related image

Зејн Малик морал да прекине со турнеи

Повраќањето среде концерт на Хари Стајлс не е ништо во споредба со неговиот колега од „Уан дајрекшн“, Зејн Малик, чија анксиозност буквално го парализирала од страв да се качи на сцена. Во една пригода во 2016 година, тој бил закажан да настапи на популарна манифестација во Лондон, но морал да откаже и на Твитер го напишал следново:

За жал, анксиозноста што ме прогонува последниве неколку месеци, успеа да ме совлада… особено ако се земе предвид важноста на овој настан, го доживеав најголемиот напад на анксиозност во мојата кариера“, заклучил тој.

Се шпекулира дека токму тоа е и причината што воопшто не замина на турнеја по објавувањето на првиот соло-албум „Mind Of Mine“.

Image result for barbra streisand live

Барбра Страјсенд сè уште ја прогонува еден настап од пред половина век

Барбра Страјсенд е една од најнаградуваните славни личности во повеќе различни полиња на уметноста. Сепак, причината што направила долга пауза од настапите е тремата. Во разговор со Дајен Сојер во 2005 година, таа открила дека никогаш не се опоравила од настапот во Централ парк во 1967 година, кога ги заборавила стиховите од една песна.

Тоа искуство силно ја погодило и придонело да се сомнева во себе. Сепак, минатата година таа објаснила дека доста се трудела да ги надмине своите стравови и сега е претседателка на Центарот за изведувачки уметности во Њујорк.

Image result for beyonce prince live

И „Кралицата“ има трема

Кога ќе се спомне зборот ѕвезда, во вистинската смисла и од секој аспект тоа е Бијонсе. Госпоѓата Картер речиси три децении е на сцената, почнувајќи од училишни приредби во родниот Хјустон до распродадени стадиони ширум светот. Но, пред нејзините смели изведби на кои зрачи со самодоверба, таа понекогаш има огромна трема, а особено нервозна била пред заедничкиот настап со Принс на доделувањето на Греми во 2004 година.

„Иако на сцена делувам бестрашно, тоа сосема спротивно од мојата личност“, признала Бијонсе, за која многумина велат дека е доста срамежлива. Сепак, таа додала дека ако нема трема се плаши уште повеќе и смета дека тоа ќе влијае на нејзината изведба.

 

 

 

 

Related image

Тејлор Свифт е најнервозна пред настап на доделувања

Многумина Тејлор Свифт ја сметаат за „ледена кралица“, но дури ни тоа не значи дека русокосата ѕвезда нема пеперутки во стомакот пред настап. Таа откри дека пред концертите се обидува да се смири со тоа што си зборува со себе пред огледало.

„Станувам многу нервозна. Обично се смирувам кога си велам: ’Нема да фрлаат со предмети по тебе. Ќе биде во ред, ќе биде во ред’“, признала таа, додавајќи дека најмногу ја смирува сознанието дека ќе биде опкружена со своите обожаватели, па повеќе нервозна е пред настап на доделување на награди, каде што не секој во публиката е љубител на нејзината музика.

Related image

Ели Гоулдинг понекогаш успева да ја совлада анксиозноста

Англиската ѕвезда можеби изгледа дека се чувствува комотно на сцена, но ситуацијата зад сцената е малку поинаква. Имено, таа тврди дека понекогаш е тешко да ја расположи британската публика што дефинитивно придонесува за сериозна трема пред настап.

И покрај тоа што добивала сериозни напади на паника на почетокот од кариерата, искуството ѝ помогнало да ја ублажи состојбата пред настап. Дури и кога Зејн Малик соопшти дека го откажува настапот заради истата причина, Гоулдинг го поддржала велејќи: „Анксиозноста е реална… го знам тоа чувство“.

 

 

 

Related image

Аријана Гранде била престрашена пред настапот на Ем-ти-ви во 2014

Изминативе неколку години Аријана Гранде успеа да се вброи во едни од најпопуларните пејачки во моментов. Можеби ја започна кариерата како детска телевизиска ѕвезда во САД, но сега распродава цели стадиони ширум целиот свет. И покрај тоа што има мала трема пред секој концерт, таа признала дека никогаш не била повеќе престрашена и нервозна од настапот на доделувањето на наградите за најдобри музички видеа на Ем-ти-ви во 2014 година.

Во тој период таа сè уште не била навикната на славата и тој настап ѝ  бил најголемиот дотогаш.

Image result for katy perry radio 1 teen awards 2010

Кејти Пери користи бета-блокатори за да ја совлада анксиозноста

Еден од најстрашните моменти на трема пред настап на Кејти Пери се случил на доделувањето на тинејџерските награди на Би-Би-Си Радио 1 во Лондон во 2010 година. Популарната пејачка тогаш изјави: „Не е дека не сум подготвена, но се плашам да не дотрчаат на сцена врискајќи го моето име или се чувствувам дека сакам да повратам!“.

За да контролира своите емоции, познато е дека ѕвездата користи бета-блокатори (лекови што го „блокираат“ адреналинот и слични хормони), за да може да ги задоволи очекувањата на обожавателите.

Related image

Сиа отворено кажува колку е срамежлива

Талентот на австралиската ѕвезда Сиа е и повеќе од очигледен, а нејзината голема перика што ѝ стана заштитен знак, го прекрива нејзиното лице најмногу заради потребата да остане што е можно повеќе анонимна и бидејќи е претерано срамежлива. Пред неколку години таа дури и призна дека плачела пред да настапи во една утринска емисија во САД.

И покрај тоа што признала дека не сака целото внимание да е насочено кон неа кога настапува, таа нагласила дека го прави и ќе продолжи да го прави тоа за нејзините верни обожаватели. Сигурни сме дека обожавателите се главната причина заради која и други срамежливи и нервозни изведувачи одлучуваат да се соочат со своите стравови.

 

Related image

Ријана си го крие стравот на сцена

Секако дека цела деценија беше доволна за Ријана да ги совлада сите стравови и нус-појави што произлегуваат од една јавна професија како нејзината, но пеперутките во стомакот продолжуваат да ја „посетуваат“ пред речиси секој настап.

Можеби делува како личност со огромна самодоверба, но јасно е дека Ријана е само одлична актерка што може да ги сокрие своите емоции пред камерите и пред своите обожаватели.

Image result for andrea bocelli live

Ни оперските пејачи не се имуни на трема

Тремата и пеперутките во стомакот се еден од најголемите проблеми со кои се соочува и светски познатиот тенор Андреа Бочели.

„Гласот е многу интимен. Тој е дел од нас, па затоа секогаш постои некаков страв, бидејќи се чувствуваш разголено. Секогаш постои тој страв од неисполнување на очекувањата“, признал тој.

Related image

Шер не можела да запее без Сони

Шер се прослави како едната половина од брачното дуо Сони и Шер, а особено интересен е податокот дека неговата првична намера била таа да биде соло-изведувач, но никако не можела да запее без тој да биде до неа. Затоа Сони ја придружувал во хармониите, а останатото ѝ го препуштал нејзе.

Сепак, и покрај долгогодишната соло-кариера, Шер признала дека сè уште има трема, но многу помала за разлика од порано.

Извор: Idolator

 

 

 



Врати се горе ↑