Настани 13580_501391246616697_1934461218_n

19 август, 2013

Успешен крај на Еко Грин Фестивал Маврово (Фото)

Изминатиов викенд се одржа Еко Грин Фестивал Маврово, а разновидната програма вклучуваше егзибициониен натпревар во скијање на вода, прецизно слетување на параглајдеристи и падобрански скокови и “mountain bike” слалом возење, преку планинарска тура Маврово–Меденица–Маврово, искачување на Кораб, кружна ревијална велосипедска тура околу Мавровското езеро, до натпревари во влечење јаже, фрлање камен, брзо пилање и сечење дрва, како и спортски риболов на ситна риба на пливка и fly fishing.

Во музичкиот дел од програмата настапија Леб и сол, Летечки пекинезери, Гоце Саф и ЛД Пистолеро, Конкеринг Лајон, Шајн, Дани Димитровска и многу други. Каква беше атмосферата на овој фестивал во изминатите два дена можете да видите на фотографиите во продолжение.



Врати се горе ↑