7 јануари, 2016

„Усни како жар“ е новата песна и видео запис на Мартинијан Кириловски

Кумановецот кој го освои регионот преку своите фантастични изведби на песни од Жељко Јоксимовиќ во минатата сезона на регионалното музичко издание на „Ѕвездите на Гранд“ и потпиша ексклузивен договор со српската продукција, Мартинијан Кириловски ја издаде својата нова песна насловена „Усни како жар“, во која првпат се појавува и како автор.

Песната ја потпишуваат веќе докажаните автори со кои Кириловски редовно соработува. Музиката и аранжманот се дело на Филип Антевски, текстот го напиша самиот Мартинијан, додека видео записот кој е работен во црно-бела техника го изработи режисерот Марко Димитриевски.

Пејачот изминатиов период е активен со свирки со својот бенд низ целата Македонија, а досега има издадено вкупно 6 песни. Доколку оваа година му се спојат сите коцки, јавноста може да го очекува и неговиот прв студиски албум кој би требало да се појави во продажба кон крајот на годината.

 



Врати се горе ↑