Настани eco green festival

9 август, 2013

Уште само една седмица до Еко Грин Фестивал Маврово

Тридневниот фестивал Eco Green Festival Mavrovo ќе се одржи од 16-ти до 18-ти август на самиот брег на Мавровското езеро, на познатата локација – игралиштето на село Маврово. Фестивалот започнува за неполна седмица, а програмата е разновидна: од егзибициониен натпревар во скијање на вода, прецизно слетување на параглајдеристи и падобрански скокови и “mountain bike” слалом возење, преку планинарска тура Маврово–Меденица–Маврово, искачување на Кораб, кружна ревијална велосипедска тура околу Мавровското езеро, до натпревари во влечење јаже, фрлање камен, брзо пилање и сечење дрва, како и спортски риболов на ситна риба на пливка и fly fishing па се до разновидна богата музичка програма започнувајќи од попладневните па сè до утринските часови.

Последниот ден на фестивалот е предвиден како чистење на локацијата и околината од отпадоци и смет. За посетителите на фестивалот организаторот обезбеди бесплатен камп во самата близина на фестивалското случување.

Фестивалот е со бесплатен карактер, со исклучок на саботната вечер за која што цената на билетите изнесува 300 денари и истите може да се купат преку продажната мрежа на мк тикетс како и во салоните на ОНЕ ширум републиката.

Целосната програма на фестивалот можете да ја видите на официјалната веб страна ecogreenfestivalmavrovo.mk

 



Врати се горе ↑