За Вас

24 февруари, 2017

Уште само 5 дена до завршувањето на огласот за улични музичари и артисти за Скопје

Под покровителство на Град Скопје, во рамките на проектот „Улични музичари и артисти 2017“, ЈУ Конгресен Центар „Александар Македонски“ објавува оглас за пријавување на соло музичари, музички групи и улични артисти кои би имале свои изведби на отворено во централното градско подрачје.

Овој проект се одржува по 7. пат и има за цел културно заживување на духот на градот. Музичарите и артистите ќе понудат содржина која е достојна на една метропола и ќе ја надополнат и збогатат атмосферата и амбиентот на Скопје за сограѓаните и туристите во претстојниот период. Музичките и уметничките перформанси во живо имаат неизбежен ефект врз овозможувањето на позабавен и подинамичен ден за секој случаен минувач. Град Скопје заедно со ЈУ Конгресен Центар „Александар Македонски“ се грижат за збогатувањето на културата во Скопје и овој проект оди во насока да ја надополни оваа значајна општествена вредност.

Огласот е отворен до 28.02.2017 и клучните критериуми кои ќе бидат земени предвид за ангажирање на музичари и уметници се нивото на техничката изведба, визуелната презентација и искуството во полето на улични изведби. За повеќе информации во однос на огласот и за деталите околу начинот на пријавување може да се посети официјалната веб страна на ЈУ КЦ „Александар Македонски“ – Скопје: www.kongresencentaraleksandarmakedonski.mk

Воедно огласот може да се преземе од ОВОЈ ЛИНК.



Врати се горе ↑