Концерт leb-i-sol-slide

20 декември, 2016

Уште педесетина билети за третиот проштален концерт на „Леб и сол“

Легендарната македонска група „Леб и сол“ вечерва и утревечер ќе одржи проштални концерти во МОБ, а заради брзата распродажба и големиот интерес, деновиве беше закажан и трет концерт за 22 декември. Влезниците и за оваа вечер се продаваат со брзина на светлината, а како што информираат од МОБ, има уште само 26 ВИП билети и 30 билети од 600 денари.

leb-i-sol-3

Трите проштални концерти се по повод 40-годишнината од основањето на бендот, кој ќе настапи заедно со хорот и оркестарот при МОБ.



Врати се горе ↑