Македонија prilep fest, gavazova, mitev, tarculovska

27 мај, 2013

Уште неколку дена до Прилеп Фест 2013

Останува уште малку до јубилејното 5-то по ред издание на фолк-фестивалот Прилеп фест. Настанот кој и годинава ќе се одржува на веќе традиционалната локација – Домот на културата „Марко Цепенеков” во Прилеп, е закажан на 30-ти мај (четврток).

Дел од јубилејот ќе биде домашната фолк-елита, а на сцената во Прилеп меѓу другите ќе ги видиме и чуеме Сузана Гавазова, Јордан Митев, Соња Тарчуловска, Гонце Гогова… Секако, нема да изостанат ниту гостите од надвор, па годинава ќе имаме дури тројца изведувачи од соседна Бугарија, ексклузивци на продукцијата Пајнер, и тоа Рајна, Надја и Васил.

За најдобрите ќе има и награди, и тоа оние од стручното жири и публиката, но и од акредитираните новинари, како и признанија за сценски настап, дебитант, интерпретација, најслушана песна меѓу две фестивалски изданија… Секако, ќе има и признание за животно дело, какво што минатата година отиде во рацете на Војо Стојановски, и музичко изненадување во кое присутните ќе уживаат по завршувањето на официјалниот, натпреварувачкиот дел за време на гласањето.

За љубителите на фолкот домаќините, односно луѓето од Бокс продукција, освен незаборавни дваесетина фолк рефрени, кои веруваме ќе го најдат своето место меѓу љубителите на фолкот, годинава подготвија уште неколку изненадувања, се разбира, во нив освен присутните во салата ќе можат да уживаат и гледачите пред малите екрани преку фреквенцијата на ТВ Сител.



Врати се горе ↑