Македонија 12734044_1070357826348688_2367818127294908158_n

19 февруари, 2016

Уште едно одлично издание на „Златна бубамара на популарноста“

Вчеравечер во арената „Метрополис“ се одржа 19. по ред издание на најдолгоочекуваната манифестација „Златна бубамара на популарноста“. Дека интересот на публиката станува сè поголем, доказ е и тоа што влезниците беа експресно распродадени за само 4 минути, така што и салата во арената „Метрополис“, каде што за првпат се одржа овој настан, беше премала да ги собере сите посетители.

Хумор, емоции и, секако, награди за најуспешните во минатата 2015 година ја одбележаа и оваа 19. „Златна бубамара на популарноста“, чиј водител веќе 10 години со ред е популарниот актер Сашко Коцев. Меѓу наградените се најдоа дуетот Селимова-Желчески, на кои им беше врачена наградата за животно дело, Тања Кочовска е прогласена за Актерка на годината, а легендарниот битолски актер Петар Мирчевски е Актер на годината.

Фотографија: Фејсбук

Ар-ен-би дуото ДНК ја понесе наградата за Група на годината, а нивната колешка Тамара Тодевска се закити со дури три златни бубамари: Пејачка на годината, Албум на годината (Еден ден) и Концерт на годината. Популарните „Фрајли“ се Најпопуларна балканска вокална група, а легендарните „Ван Гог“ беа наградени со „Бубамара“ за Трајни музички вредности.

Се чини дека најемотивниот дел од манифестацијата беше доделувањето на наградата за трајни музички вредности на незаменливиот Игор Џамбазов, кој ја расплака публиката со неговата изведба на „My Way“ од Френк Синатра, но ја отпеа на македонски, раскажувајќи го сиот свој живот низ песна.

 

Снимката од вчерашното шоу ќе се емитува в недела, 21 февруари, со почеток од 20 часот на „Канал 5, a целиот настан низ фотографии можете да го погледнете во галеријата на „Телеграф.

 



Врати се горе ↑