Македонија makfest-direktori

2 јуни, 2014

Уште една промена на Макфест

Денес, на официјалниот сајт на фестивалот за забавни мелодии „Макфест“ осамна информација која исто така од оваа година ќе биде за прв пат воведена.

„Макфест одлучи годинава да го промени правилото за појавување и настап на сцената на Фестивалот. Досега правило беше на сцена да се појавуваат изведувач и уште петмина со него. Поради тоа што годинава се настапува со ревиски оркестар кој брои 54 луѓе,и поради ограничениот простор на сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“, на сцена ќе се појавуаат изведувач и уште тројца. Затоа интерпретаторите треба да го планираат евентуалниот свој сценски настап во таква формација“, се вели во соопштението до јавноста.



Врати се горе ↑