Аудио article_big_1360253213Gatsby

25 април, 2013

Уште една песна од „Големиот Гетсби“: Слушнете ја „Together“ од The XX

The xx снимија нова песна за саундтракот на филмот „Големиот Гетсби“, а песната е насловена „Together“. На саундтракот чија продукција ја потпишува Џеј Зи, ќе се најдат имиња како што се Бијонсе, Андре 3000, Брајан Фери, Вил Ај Ем, Лана Дел Реј, Флоренс + д машин и многу други, а веќе имавме можност накратко да ги преслушаме сите песни од ова издание, закажано за 6-ти мај, како и целосните верзии на песните од Лана Дел Реј и Флоренс + д машин.

Во продолжение слушнете ја третата песна од четиринаесетте песни кои ќе се најдат на овој саундтрак за четвртата филмска адаптација на романот „Големиот Гетсби“.

 

 



Врати се горе ↑