5 август, 2014

Уште една одлична соработка на Златко Ориѓански и Бени Шаќири

По одличната „Си беше еднаш, Златко Ориѓански ја продолжи соработката со Бени Шаќири, овој пат за песната насловена „Генерале“. Имено, песната ќе биде дел од музиката за претстојната претстава „Солун, град на духовите“ на режисерот Слободан Унковски, кој веќе долго време соработува со Ориѓански.

„Одамна не памтам кога последен пат во Македонија се собрале 15-тина луѓе со толку љубов околу што било, па нека е и песна… Би сакал најнапред да се заблагодарам на Славица Алексова Спирова која имаше храброст оваа работа финансиски да ја поддржи. Ханис Багашов е ангелот стар 14 години го кој изработи видеото. Оваа песна е дел од музиката за најновата претстава во фаза на подготовки во режија на Слободан Унковски, „Солун, градот на духовите“. Благодарам Бени и оваа мала војска од музичари која верно ги следи моиве лудости. Благодарам на Мите Димовски кој има нерви да ме трпи и снима, Унко за инспирацијата и топлината, Црноризец и Петар Попчев за сиот хумор со кој ме покриваат… Благодарност драги Оли и Вера од Љубојна, Дарко Божиновски, Лазар Сандев, Игор Стојанов, Благојче Трајковски… Наесен, на крај на октомври следи уште една нова песна „Лепотице“ и едно големо прекрасно изненадување врзано со овие две нешта… Ви посакувам сè најубаво!“, напиша Ориѓански на својот профил на Фејсбук, претставувајќи ја новата песна, а како звучи и изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑