Аудио safe_image

27 април, 2013

Уште една нова верзија на „Crazy Kids“ од Кеша – овој пат со Питбул

Пред само неколку дена Кеша ја претстави новата верзија на нејзиниот трет сингл „Crazy Kids“ во која гостува Вил Ај Ем, а сега пристигна уште една, трета верзија (вклучувајќи го и оригиналот) за оваа песна, а овој пат со сосема нов гостин, а тоа е Питбул. Имено, оваа верзија е всушност ремикс направен од страна на Питбул, а како што пренесува МTV, двајцата наскоро ќе започнат заедничка летна турнеја низ Северна Америка, што веројатно е и причината за овој ремикс.

Ова не е прва соработка за Кеша и „Господинот 305“ – таа во 2009 година гостуваше во неговата песна „Girls“, а како звучи новата верзија на „Crazy Kids“, можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑