Македонија 42477597

21 ноември, 2012

Уште една бонус песна на новиот албум на Каролина

Неодамна беше најавен новиот албум, односно компилација од најубавите хитови на Каролина Гочева, насловен „Најубави песни“. Имено, пејачката сакала да додаде уште една бонус песна на ова издание. Се работи за песната „Остани“ која Каролина ја испеа на „Руњичеви вечери 2012“ во Сплит, а е дело на хрватскиот композитор Зденко Руњиќ. Албумот ќе биде пуштен во продажба од вторник, 27-ми ноември, а покрај десетте песни одбрани од Каролина и трите бонус теми, „Остани“ ќе биде ставена како четврта.

Целиот проект ќе биде запечатен со анплагд концерт, кој ќе се одржи на 22-ри следниот месец во Универзална сала, на кој битолчанката ќе ја придружува бенд и за прв пат во кариерата ќе се претстави во акустична варијанта.

 



Врати се горе ↑