Видео ns-warrior

14 јануари, 2015

Уште еден „Воин“ на „Евровизија 2015“

Меѓу 39-те песни кои годинава ќе се натпреваруваат за титулата „Песна на Евровизија“, ќе се најде уште еден „Воин“. Имено, покрај темата „Warrior“, со која Амбер ќе ги брани боите на Малта, уште една истоимена композиција ќе биде отпеана и од претставничката на Грузија, Нина Сублати.

19-годишната Нина Сулабериџе, која настапува под името Нина Сублати, денеска триумфираше на националниот избор во Грузија, добивајќи најголем број гласови и од публиката и од интернационалното стручно жири. По победата на грузијската верзија на „Идол“ во 2013 година, минатата година го објави деби албумот „Dare To Be Nina Sublatti“, кој стана најпродаваното издание во Грузија.

Пејачката се потпишува и како автор на песната, а како звучи нејзиниот „Воин“ можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑