Аудио justin_bieber_recovery_single_cover_copy

29 октомври, 2013

Уште еден сингл од Џастин Бибер: Слушнете ја „Recovery“

Како што беше закажано, синоќа стигна четвртиот сингл од проектот #MusicMondays, кој пред месец дена го најави Џастин Бибер. Во рамките на овој проект, пејачот најави десет нови синглови кои ќе бидат претставувани секој понеделник, десет недели со ред. Првиот сингл со започна овој серијал беше темата  „Heartbreaker“по која следуваа и „All That Matters“ и „Hold Tight“, а сега на ред стигна и песната насловена „Recovery“, за која веќе се шпекулира дека е посветена на неговата поранешна девојка, пејачката и актерка Селена Гомез. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑