Галерија nokaut

25 декември, 2015

Уште еден одличен концерт на „Нокаут“

Една од концертно најактивните групи во Македонија, која речиси две децении успешно реди хитови што се веќе евергрини и значаен дел од македонската антологија, „Нокаут“ вчеравечер одржа уште еден одличен, позитивен концерт во арената „Борис Трајковски“. Како што беше најавено, публиката навистина беше специјален гостин на вечерта бидејќи во еден глас ги пееше сите сите добро познати рефрени на групата.

Од постарите хитови што го одбележаа почетокот на нивната кариера сè до последните хитови од изминативе неколку години, „Нокаут“ уште еднаш докажаа зошто се еден од омилените бендови на македонската публика.

Уште еднаш покажавте дека ја имаме најубавата и најпозитивна публика. Од срце ви благодариме за секој атом енергија. Беше уживање да се пее со ВАС. Заслуживте да бидете ѕвезди на вечерта. Огромна благодарност и до сите оние кои работеа пред и за време на концертот и помогнаа да ја оствариме оваа магија. Длабок наклон за режисерот Синиша Ефтимов, креаторката Ирина Тошева, сценографот Влатко Чачоровски-Чоле, целата екипа на ДВД ПЕТ, Македонската Радио Телевизија и секако Горила Продукција.

Ве сака НОКАУТ!“, се заблагодарија членовите на „Нокаут“ за синоќешниот концерт, а како изгледаше сето тоа погледнете на фотографиите во продолжение.



Врати се горе ↑