Свет eurovision_newlogo

30 ноември, 2012

Уште еден новитет за Евровизија: Ново лого!

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) направи „пластична хирургија“ на Евровизија. Со други зборови, од вчера, изборот за Песна на Евровизија има нов корпоративен идентитет. Според извршниот супервизор на Евровизија, Јан Ола Санс, идејата е да се дадат повеќе динамични елементи на забавата, спортот и културата кои ќе ги обединат европските гледачи. Новото лого се фокусира на буквата О и имплицира чувствување на пулсот и поголема подвижност.

Уште два податока поврзани со Евровизија. На почетокот на неделава во продажба беа пуштени првите билети за финалната вечер која ќе се одржи во Малме на 18-ти мај 2013. Истите беа продадени за помалку од еден час. Наскоро на продажба ќе бидат понудени останатите билети за финалната вечер, за пробите како и за првата и втората полуфинална вечер. Цената се движи од 10-390 Евра.

Утревечер во Heineken Music Hall во Амстердам, Холандија ќе се одржи јубилејниот, 10-ти Junior Eurovision Contest. Земјата на лалињата по втор пат е домаќин на изборот кој ќе се одржи под мотото „Break the ice” (Скрши го мразот). За прв пат Македонија нема да учествува. Листата на учесници ја сочинуваат 12 земји. Покрај дебитантите: Азербејџан, Албанија и Израел, ќе настапат и: Белорусија, Шведска, Белгија, Русија,Ерменија, Украина, Грузија, Молдавија и Холандија.

Новото лого за прв пат ќе биде употребено токму на овој детски избор за песна на Евровизија, како дел од Евровизиското семејство.

Во продолжение погледнете ги и изјавите на Аврил Махон Робертс од одделот за корпоративен идентитет, која кажа дека Детскиот Евросонг е одлична платформа за лансирање на новото лого.

Извор: eurovoix.com



Врати се горе ↑