11 април, 2013

Уште еден нов видео запис од Ники Минаж

Само недела дена откако хиперактивната раперка го претстави видео записот за „High School“, Ники Минаж продолжува со кампањата во која секоја песна од нејзиниот актуелен албум „Pink Friday: Roman Reloaded – The Re-Up“ (објавен во ноември, минатата година) не заврши како сингл, секако во комплет со видео запис. До сега имавме можност да слушнеме дури шест: „Starships“, „Right by My Side“, „Beez in the Trap“, „Pound the Alarm“, „Va Va Voom“ и минатонеделниот „High School“.

Во најновиот видео запис за песната „Up In Flames“, чија продукција ја потпишува Boi-1da и во режија на Гриз Ли, Минаж делува доста сериозно во амбиенти како што се студио или црква, а во меѓувреме можеме да видиме акробации на мотоцикли за кои беа задолжени професионалците Џејсон Бритон, Сафари „СБ“ и Феноменан. Ова е најверојатно и „најсериозниот“ видео запис за раперката до сега, меѓутоа, како што додава магазинот Spin, „таа навистина лошо имитира свирење на клавир“, а како пример го наведе токму текстот на песната „Up In Flames“, чиј видео запис можете да го погледнете горе.

 



Врати се горе ↑