Македонија slobodan1

15 декември, 2012

Уште еден македонски музички талент!

Македонија има многу таленти , а уште еден од многуте докази за тоа е и младото момче Слободан Пајдаков. Како што пишува медиумот mkd-news.com, песната ја добиле на меил, а бидејќи добриот глас надалеку се слуша, и ние ја даваме нашата огромна поддршка на ова талентирано момче. Слободан, кој во видеото ќе го слушнете како ја пее „Through Glass“, оваа позната песна ја изведува само со гитарата како поддршка која самиот ја свири и неговиот специфичен глас, а ќе добиете впечаток  дека навистина звучи богато, исполнето, како да е цел бенд зад него.

Момчево  веќе некое време се бави со музика. Има свој бенд, учестувале на многу гитаријади низ Македонија, а однеле и неколку награди. Вљубеник е во хеви метал и има прекрасна специфична боја на гласот. Очекуваме допрва да слушаме за ова момче и за неговиот бенд. Во продолжение уживајте во одличната изведба!

Извор и фото: mkd-news.com



Врати се горе ↑