Видео

11 март, 2019

Уште еден македонски кандидат го покори жирито во „Ѕвездите на Гранд“

Во последната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ имаме прилика да ги гледаме прекрасните настапи на македонските кандидати меѓу кои Огнен Здравкоски, Мартинијан Кириловски, Адам Лабунски, Елена Миленковска… Благодарение на своите ментори и нивната поддршка, македонските претставници успеа да го покорат жирито и да освојат гласови.

Во последната емисија, настапуваше и Дарко Коцевски од Скопје, а негов ментор е Џорџе Давид. Тој се претстави со песните „Џелем џелем“ и „Среќна ли си ти“, а по неговата првата изведба, неговиот ментор беше презадоволен, па со раката удри во маса. Дарко ги освои сите гласови, а тоа значи дека директно помина во следниот круг.

Ана Бекута имаше само пофални зборови за Македонецот: „Имаш таков нерв за пеење, пееш со целото тело, се даваш до даска. Тоа е тоа со што ти победи вечерва. Во втората песна не беше добар, но со првата нè купи, тоа е пејач“, истакна Бекута.

И неговиот ментор, Џорџе имаше само убави зборови за Дарко: „Како што ти кажав, првата песна е мерка, ти од тон до тон отпеа онака како што треба. Во втората песна ти забележувам на вибратото, но одиме во третиот круг и тоа ќе биде до болка добро“, истакна Џорџе.

Како Џорџе и Дарко ќе се претстават во третиот круг и дали овој Македонец ќе има шанси за поголем успех останува да видиме. Неговиот настап во последната емисија можете да го погледнете во продолжение (на 2 ч. и 2 минути).

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑