Македонија

24 август, 2018

Уште еден Македонец се враќа во „Ѕвездите на Гранд“

„Ѕвездите на Гранд“ продолжуваат да докажуваат дека не можат без македонските таленти, па откако им пратија покани да се вратат на Огнен Здравковски, Стефан Величковски и Мартинијан Кириловски, уште една шанса да се покаже во најдобро светло доби и нивниот колега Јасмин Алиевски.

26-годишниот скопјанец, кој веќе се натпреваруваше во популарната музичка емисија, ја соопшти веста на социјалните мрежи, па каков успех ќе постигне овој пат ќе дознаеме од семптември.

Пред да го започне својот поход за освојување на регионот, Алиевски повеќе свои песни и настапи на фестивали во Македонија, а последното што го слушнавме од него беше одличната „Давам сè“, на која можете да се потсетите во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑