8 ноември, 2012

Уште еден контроверзен спот, овој пат од Кеша

Новиот сингл на американската пејачка Кеша (Ke$ha) е нумерата „Die Young“ која го најавува нејзиниот втор студиски албум „Warrior“. Слушајќи ја песната, човек ќе си помисли дека приказната е за поп ѕвезда која сака да го помине времето со момчето што и се допаѓа, во случај да не им останало многу време. Но спотот раскажува една поинаква приказна, а тоа вклучува забава и оргии, превртени симболи и тоа во црква, каде што позади тронот на Кеша има огромен пентаграм. Исто така може да се забележи и „окото“ кое е карактеристично за „масоните“, „илуминатите“ или „новиот поредок“. Можеби е претерано, а можеби не… Во изминатиот период веќе се навикнавме да гледаме контроверзни спотови од млади пејачки, почнувајќи од Мајли Сајрус. Погледнете го спотот и одлучете сами. 

 



Врати се горе ↑