Концерт duke-b1-vtor2

16 февруари, 2016

Уште еден концерт на „Дуке и пријателите“, првиот е целосно распродаден

Поради огромниот интерес за концертот на Дуке Бојаџиев и пријателите, закажан е уште еден термин, за 21 февруари (недела), исто така во арената „Метрополис“, соопштија од „Авалон продукција“, додавајќи дека првиот, кој ќе се одржи на 20 февруари, е целосно РАСПРОДАДЕН.

Билетите се веќе во продажба на сите продажни места на „Купи карти за сè“, како и онлајн на www.kupikartizase.com. Со секој купен билет, следува подарок дивиди.

По успешното претставување во престижната концертна сала „Карнеги хол“ во Њујорк, ова е прв голем концертен проект на Дуке Бојаџиев, кулминација на сета негова досегашна концертна работа, зачинет со врвни музички гости, поезија и камерен оркестар. Тој ќе се претстави во малку поинакво издание, поразлично од досегашните, заедно со неговите пријатели и соработници: гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски, најголемата македонска ѕвезда Каролина Гочева, легендарниот актер Никола Ристановски, светски познатиот кларинетист Исмаил Лумановски, светски реномираната пејачка Тања Царовска и перкусионистите Матијас Кунзли и Костас Анастасијадис – сите придружувани од камерен оркестар, под диригентство на маестро Саша Николовски- Ѓумар.

По повод претстојните концерти, Бојаџиев заедно со Каролина гостуваше во минатонеделната епизода од емисијата „Еден на еден“, каде што, меѓу другото, раскажа како стигна од Македонија до Холивуд. Целата емисија можете да ја погледнете овде.



Врати се горе ↑