Концерт beyonce-world-tour

3 март, 2013

Уште еден концерт на Бијонсе во Белград?

Како што дознава српскиот портал Трачара, Бијонсе планирала да направи уште еден концерт во Белград. Иако првиот концерт закажан за 15-ти април е потполно распродаден, организаторите во моментов се во преговори со тимот на пејачката околу организирање на додаден концерт во српската престолнина.

„Концертот на Бијонсе во Белград е распродаден во рекорден рок, што ги охрабри организаторите да преговараат со тимот на пејачката околу новиот датум“ – открил изворот на Трачара. „Проблемот околу новиот датум е тоа што доколку би бил организиран уште еден концерт, и тој би морал да биде распродаден до крај, а домашните организатори не знаат дали се подготвени на таков ризик“ – заклучил изворот.

Бијонсе ќе пристигне во Белград на 13-ти април, кога ќе почне и поставувањето на нејзината бина во Комбанк Арената. 

 



Врати се горе ↑