17 декември, 2014

Уште еден футуристички видео запис од „Бејзмент џекс“

По танцувачкиот задник-робот во видео записот за „Never Say Never“, британското дуо „Бејзмент џекс“ деновиве објави уште еден футуристички видео запис снимен за темата „Rock This Road“, во која гостува Шака и која се најде на нивниот седми студиски албум „Junto“, објавен во август годинава. Екранизацијата на оваа песна Ве очекува горе.



Врати се горе ↑