9 мај, 2013

Уште еден „Џентлмен“, овој пат од Тhe Saturdays

Британската женска група The Saturdays која полека, но сигурно го освојува светот, деновиве го претстави новиот сингл насловен „Gentleman“, кој официјално ќе биде издаден на 30-ти јуни. Ова е петнаесетти сингл за групата, а втор од претстојниот четврт студиски албум, на кој девојките работат во изминатиот период.

Претходно беа актуелни со синглот „What About Us“, кој беше прв официјален сингл за светскиот музички пазар, а во тоа им помогна и колегата Шон Пол. Како звучи „Gentleman“ можете да слушнете горе.

 

 



Врати се горе ↑