Свет RihannaChris

20 јануари, 2013

Уште еден дует на Ријана и Крис Браун?

Како што пишуваат американските медиуми Е! и Idolator, вљубениот пар подготвува уште еден дует. Имено, Ријана и Крис биле забележани во студио во Холивуд, па оттука и шпекулациите за нивна можна соработка. Доколку гласините се вистинити, ова ќе биде нивна петта заедничка песна, која ќе следи по нивната актуелна соработка за нумерата „Nobody’s Business“, а пред тоа Браун гостуваше во ремиксите на „Birthday Cake“ и мегахитот „Umbrella“, а Ријана ја возврати услугата со тоа што гостуваше на ремиксот на „Turn Up the Music“. За претстојната соработка сè уште не се знае насловот, ниту датумот на објавување.

Во продолжение да се потсетиме на нивниот последен дует „Nobody’s Business“, кој се наоѓа на актуелниот албум „Unapologetic“.



Врати се горе ↑