Концерт

23 јануари, 2019

Уште два концерта на Каролина и Македонската филхармонија

Бидејќи првично закажаните два концерта на Каролина Гочева и оркестарот на Македонската филхармонија беа експресно распродадени, пејачката соопшти дека додадени се уште два кои ќе се одржат на 20 и 22 февруари.

Изминатиов период постојано добивавме пораки од луѓе што не успеале да купат влезници затоа што првите два концерта се распродадоа уште пред два месеца. За среќа, успеавме да најдеме уште два термина за нови концерти. Ова е првпат да настапувам со Македонската филхармонија на мој самостоен концерт и, да бидам искрена, едвај чекам да дојде денот на првиот концерт“, изјави Каролина за „Репортер“, додавајќи дека наскоро ќе почнат и пробите со оркестарот.

„Овие концерти претставуваат пресек во кариерата на Каролина и веруваме дека ќе биде вистинско задоволство да се види и слушне како тоа ќе изгледа заедно во комбинација со оркестарот на Македонската филхармонија“, велат од „Авалон“, а влезниците по цена од 1.000 денари се веќе пуштени во продажба преку нивната продажна мрежа низ Македонија и онлајн на avalon.mk.

Билетите за концертите на Каролина и Македонската филхармонија на 20.02 и 22.02 се во продажба преку продажната мрежа на…

Gepostet von Avalon Produkcija am Mittwoch, 23. Januar 2019



Врати се горе ↑