Балкан Gitarijada1

9 мај, 2013

Уште 15 дена до завршувањето на конкурсот за Заечарската „Гитаријада“

Останаа уште 15 дена до завршувањето на конкурсот за пријавување на демо бендови од просторот на поранешна Југославија за „Гитаријадата“ во Заечар. До сега се пријавиле преку 100 бендови од регионот. Од 1-3 август ќе се одржи главната програма на 47. Заечарска гитаријада, а целокупната манифестација ќе трае уште неколку дена подолго.

Конкурсот за пријавување на демо бендови трае до 24 мај. Право да се пријават имаат сите изведувачи од територијата на Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Македонија, кои немаат официјално објавено издание. За пријава е потребно да се испратат три авторски композиции, биографија и фотографија од бендот на електронската адреса prijava@gitarijada.org.

По завршувањето на рокот за пријавување, изборот за полуфиналисти ќе го направи стручно жири, а одбраните ќе имаат можност да учествуваат на Рок Академијата од 25-31 јули. Имињата на првите „хедлајнери“ ќе бидат објавени наскоро.

www.facebook.com/Gitarijada

www.gitarijada.org



Врати се горе ↑