Балкан 48 Gitarijada LOGO

25 април, 2014

Уште 15 дена до истекот на конкурсот за Заечарската „Гитаријада“

Конкурсот за учество на демо изведувачите за 48. издание на „Гитаријадата“ во Заечар, која минатата година беше посетена од преку 100 000 посетители, е отворен до 10 мај. Право на учество на конкурсот имаат бендови од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Црна Гора кои немаат објавено официјално дискографско издание.

Гитаријадата спаѓа во редот на најстарите фестивали од овој тип во светот, на кој покрај демо бендовите кои имаат третман на популарни хедлајнери, настапуваат и бројни рок ѕвезди. „Кербер“, „Ван Гог“ и „Перо дефформеро“ за сега се првите потврдени учесници за ревијалниот дел од програмата, а најавени се и бројни други регионални ѕвезди, како и некои светски имиња.

Фотографија: Ивица Ивановиќ

За разлика од претходните, оваа година ќе се одржат две полуфинални вечери, на 31 јули и 1 август, а 2 август е резервиран за големото финале. Манифестацијата ќе започне во среда (30 јули), во царската палата Феликс Ромулијана, а главната програма традиционално ќе се одржува на Краљевица.

Сите заинтересирани изведувачи можат да се пријават на конкурсот најдоцна до 10 мај со тоа што ќе испратат три авторски композиции, биографија и фотографии на  prijava@gitarijada.org. Повеќе информации можат да се најдат на страната www.gitarijada.org. Избраните бендови ќе имаат можност да учествуваат на Рок академијата, со обезбедени патни трошоци, сместување и храна во текот на претстојот во Зајечар.

www.gitarijada.org

www.facebook.com/Gitarijada

www.twitter.com/Gitarijada  

 



Врати се горе ↑