Видео

15 јули, 2019

„Уникат бенд“ дебитираат со „Лето, ти и јас“

Битолскиот „Уникат бенд“ деновиве ја промовираше својата прва авторска песна и прво видео со наслов „Лето, ти и јас“, за која го освоија третото место од стручното жири на годинашниот „Канео-фест“. Како што кажува и самиот наслов, станува збор за летен хит со стихови од Дарко Јоцковиќ и музика од Мими Марковски, во чие студио „Гимел“ се снимаше и продуцираше песната, а за соодветното летно видео се погрижи режисерот Армин Хасановиќ, братот на популарниот пејач Ален Хасановиќ.

„Ова е само почеток на она што го подготвуваме, гледаме дека младите сакаат да слушаат македонска музика, па се одлучивме да работиме на тоа да создаваме нови авторски македонски песни“, посочи фронтменот Тодоровски.

Оваа музичка екипа во моментов работи на уште три песни и две видеа со што ќе го најави и првиот албум, а се подготвува и за настап и на фестивал во Петрич, Р. Бугарија. Една од новите авторски песни ќе биде претставена и на годинашниот „Охрид-фест“, а како звучи нивниот нов летен хит „Лето, ти и јас“, дознајте во продолжение. Уживајте!

Извор: Бабам Битола



Врати се горе ↑