Свет

4 декември, 2018

УНЕСКО ја прогласи реге-музиката за културно наследство

Oрганизацијата за oбразование, наука и култура на Обединетите Нации – УНЕСКО – ја прогласи реге-музиката за културна институција што вреди да се негува, сместувајќи ја на листата на нематеријални културни богатства. Овој музички жанр што потекнува од Јамајка, сега им се придружи на преку 300 културни традиции, како што се доминиканското меренге, словачката музика на гајда и многу други.

Основната општествена функција на музиката како средство за општествена критика не е променета, и музиката продолжува да делува како глас за сите“, пишува во соопштението од УНЕСКО, опишувајќи ја реге-музиката како „политичка, сензуална и спиритуална“. За да ја одбележи оваа пригода, организацијата сподели и краток документарен филм што ја разгледува историјата и карактеристиките на реге-музиката.

 

Додека вклучувањето на реге-музиката во списокот на УНЕСКО е симболично, „Њујорк тајмс“ неодамна пренесе дека Јамајка се надева уште повеќе да ја продлабочи заштитата на оваа музика на повеќе начини, меѓу кои и јавни изложби во музеи и Месец на реге-музиката што ќе се одвива во февруари, родниот месец на еден од најпознатите реге-музичари – Боб Марли.



Врати се горе ↑