Свет mdn

23 декември, 2014

Уметници кои ги мразат своите најголеми хитови

Само затоа што се прославиле со нив, не мора да значи дека музичарите ги сакаат своите најголеми хитови. Ви даваме неколку примери на песни кои уметниците избегнуваат да ги изведуваат на своите настапи бидејќи едноставно ги мразат!

1. Мадона – „Like А Virgin“

Во една пригода Мадона изјавила дека повторно ќе ги отпее „Like А Virgin“ или „Holiday“ во живо само ако некој ѝ понуди 30 милиони долари!

2. „Оејзис“ – „Wonderwall“

Лиам Галагер  рекол дека би ги удрил луѓето кои ја знаат само оваа балада и дека не ги смета за вистински фанови.

3. „Рејдиохед“ – „Creep“

Иронично, темата која составот најмногу ја мразел воедно е и песната по која се напрепознатливи, но речиси никогаш не ја изведуваат на настапи.

4. „Лед цепелин“ – „Stairway To Heaven“

Роберт Плант во 2002 година донирал одредена сума пари на една радио станица која изјавила дека никогаш повеќе нема да ја пушти „таа проклета песна за венчавки“. Тој исто така изјавил дека би полудел кога би морал да ја изведува таа песна на секој настап.

5. „Ар-и-ем“ – „Shiny Happy People“

Изгледа дека членовите на овој состав воопшто не се „happy“ по повод оваа песна. Мајкл Стајп, фронтменот на бендот, во една пригода рекол дека ја „мрази таа песна“, но подоцна се покајал бидејќи свесен е дека можеби токму таа тема има големо значење за некој фан. Исто така, таа е и единствената песна за која сите членови на бендот се согласиле дека не треба да ја сместат на нивната компилација со најголеми хитови.

Извор: mentalfloss.com преку mtv.rs

 



Врати се горе ↑