Настани bf9011bc-5d8c-4d85-9115-47ab4834e105

8 мај, 2015

Ултимативна „Екс-бејс“ авантура во програмата на „Егзит“ и „Си денс“

Големата листа со изведувачи на современата електронска бас музика во рамки на „Егзит“ авантурата, која ја сочинуваат фестивалите „Егзит“ и „Си Денс“, ги доби конечните засилувања за програмата од Петроварадин до Јаз. Во соработка со „Ју-кеј-еф“ (UKF), водечката глобална платформа за бас музика, на „Егзит екс-бејс“ (Exit X-Bass) листата, своите имиња ги запишаа уште и шкотскиот продуцент Хадсон Мохок (Hudson Mohawke), лондонските продуценти Кове (Kove) и Ајсикл (Icicle), како и белградскиот диџеј колектив Ватра (Vatra). За посетителите на „Егзит“, од Петроварадин да заминат на Бас-авантурата до Јаз на „Си денс“, актуелниот најдобар европски фестивал, ќе се погрижат ѕвездените холандски триа „Нојзија“ (Noisia) и „Блек сан емпајр“ (Black Sun Empire) како и четирите тандеми „Фред Ви & Графикс“ (Fred V & Grafix), „Каликс & Тиби“ (Calyx & Teebee), „ГотСам“ (GotSome), „Брукс брадрс“ (Brookes Brothers) и официјално најдобриот млад драм енд бејс продуцент Мадук (Maduk). Кога кон новите ќе се придодадат и веќе потврдените изведувачи на сите стилови од бас музиката за „Егзит“ и „Си денс“, како што се „Продиџи“ (The Prodigy), „Рудиментал“ (Rudimental), Зомбој (Zomboy), Џаст Блејз (Just Blaze), Рони Сајз Репразент (Roni Size Reprazent), Голди со Ем-си ЛоуКи (Goldie ft. MC LowQui), „Дртифоникс“ (Dirtyphonics), „Сигма“ (Sigma), Вилкинсон (Wilkinson), Хана Вонтс (Hannah Wants), Брејкејџ со Ел-екс уан (Breakage ft. Lx oNe), Касра (Kasra), Мефјус (Mefjus) и Енеи (Enei), ја добиваме ултимативната екс-бејс авантура, најголемата бас-програма оваа година во цела Европа!

Новата ѕвезда на лондонската бас сцена, Џејмс Рокхил ака КОВЕ (James Rockhill aka KOVE), ќе настапи на главната бина на „Егзит“ на 9 јули. Објавува за дискографската куќа „РАМ рекордс“ која ја води легендарниот Енди Си (Andy C), а соработува и со дуото „Чејс енд статус“ (Chase & Status). Зад себе има три студиски албуми, а со песната „Way We Are“, го достигна 30. место на официјалната британска сингл-листа, додека неговиот ремикс на песната на Џон Њуман „Love Me Again“ забележа повеќе од пет милиони прегледувања на „ЈуТјуб“. Истата вечер „Егзит“ го очекува и вистинскиот аудио визуелен спектакл со Ајсикл (Icicle) кој на главната бина во живо ќе го претстави својот концепт „Ентропи“ (Entropy)! Музичката јавност овој настап го гледа како иднината на диџеј професијата, а кон тоа ќе придонесе и Иманент Виџеј (Immanent VJ) кој ќе го следи овој настап со современи визуализации на екраните, потег кој веќе наиде на поддршка од најголемите бас ѕвезди како што се Голди, Ел-Ти-Џеј Букем, Фабио, Лондон Електрисити, Пендулум, Енди Си и други. Рос Бирчард ака Хадсон Мохок (Hudson Mohawke), кој ќе настапи на „Егзит“ на 11 јули, на 15 години стана досега најмладиот учесник на светското диџеј првенство „Ди-Ем-Си“! Издава за „Варп рекордс“, а како продуцент интензивно соработува со имиња како што се Кање Вест, Џон Леџенд, Дрејк, Пуша Ти и Ентони Хегарти. Ватра (Vatra) е современиот феномен на белградските клубови кои во последните четири години активно ги организираат најпосетените хип-хоп и ар-ен-би журки! Диџеј четворката (byp_, 50Grass, Фake Casual, Inspektor) во сабота на 11 јули на „Егзит“ ќе ги собере сите домашни и странски качкети, шорцеви и запалливата жештина под слоганот „J…ni vrh u kući“!

Трикратните сопственици на „Битпорт мјузик“ наградите, славното холандско трио, „Нојзија“ (Noisia), ќе настапи на 15 јули на главната бина на „Си денс“ фестивал! Сопственици се на три издавачки куќи (Vision, Division, Invisible), а нивната музика ја објавуваат и Џеј Зи и Скрилекс. Тие се меѓу најбараните изведувачи на светската сцена, со ремикси за имиња како што се Лабринт, Дедмаус, Марк Најт и „Продиџи“. Втората вечер на Јаз ќе настапи и најсвежото засилување на светската драм енд бејс сцена, Фред Ви & Графикс (Fred V & Grafix)Сѐ уште е актуелен нивниот албум „Recognise“ објавен за етикетата „Хоспитал“, а имаат ремикси на најголемите имиња како „Рудиментал“ и Емели Санде. Исклучително бараното холандско тек-днб трио „Блек сан емпајр“ (Black Sun Empire) на Јаз стигнува на 16 јули, а зад себе имаат настапи на најзначајните фестивалски бини како „Гластонбери“ и „Лоулендс“ фестивалите. Сопственици се на истоимената дискографска куќа, со три студиски и десетина компилациски албуми и синглови, но и ремикси за бас великаните како „Нојзија“, па со право ја носат етикетата на исконски предводници на актуелната сцена. Бристолското дуо „ГотСоме“ (GotSome) доаѓа на 17. јули, по успехот на актуелниот сингл „Vibe Out“, во соработка со легендата на grime правецот – Вили (Wily), со кој го најавува албумот за МТА, издавачката куќа на „Чејс енд Статус“. Истата вечер дуото „Каликс & ТиБи“ (Calyx & TeeBee), ќе настапи на крилјата на успехот на албумот „Anatomy“, еден од најисчекуваните на светската драм енд бејс сцена во последниве години, а последната ноќ на „Си денс“ доаѓа и најперспективниот млад драм енд бејс диџеј – Мадук, инаку сопственик на титулата „Најдобар нов продуцент“ во рамки на најголемото бас натпреварување „Drum&BassArena“. Во завршницата на фестивалот ќе настапат и авторите на „најдобрата плоча на светот“, која ја избра славниот телевизиски презентер Зејн Лоу, славните „Брукс Брадерс“ (Brookes Brothers).

Најдобрата акција „4+1“ е во тек! Сподели љубов со пријателите и придружи се на „Егзит!

Четиричленото друштво кое заедно ќе ги купува влезниците за „Егзит“, „Си Денс“ или целата „Егзит“ авантура, петтата влезница ќе ја добие како подарок! Акцијата „4+1“ веќе е достапна во продажба преку мрежата на МКтикетс и во официјалното продажно место во Македонија, Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат). Влезниците за „Егзит“ чинат 3.599 денари, за „Си Денс“ чинат 2.550 денари, а за целата „Егзит“ Авантура (Егзит + Си Денс) само 4.299 денари. Во продажба веќе се пуштени и картите за организираниот автобуски превоз за „Егзит“ фестивал (Скопје – Нови Сад – Скопје) по цена од 2.990 денари, како и за целата „Егзит“ Авантура (Скопје – Нови Сад – Будва – Скопје) по цена од 4.990 денари.



Врати се горе ↑