Настани UMW

17 септември, 2015

„Ултимативен музички викенд“ со Мориси и „Апокалиптика“

„Авалон Продукција“ со огромно задоволство Ви претставува „Ултимативен музички викенд“  (ULTIMATE MUSIC WEEKEND) со легендарните Мориси и „Апокалиптика“. Како што предходно Ви најавивме, Скопје и Македонија ќе имаат ретка можност во еден викенд да бидат домаќини на великанот на  британската и светската музичка сцена, за прв пат во Македонија – Мориси (Morrissey), и секако еден од  најатрактивните лајв бендови во светот „Апокалиптика“ (Apocalyptica)!

Концертот на Мориси е закажан за 16 октомври 2015 година во СРЦ „Кале“, а на истото место еден ден подоцна (17.10.2015) ќе настапи и атракцијата „Апокалиптика“. Влезниците веќе се во продажба преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com.



Врати се горе ↑