Свет AP_Show_112-80

3 декември, 2012

Украина победи на детскиот Евросонг 2012

Анастасија Петрик (Anastasiya Petryk) од Украина освои 138 поени со нејзината песна „Небо“, а минатогодишниот победник Грузија се пласира на второто место со претставниците The Funkids, а на трето место се најдоа претставниците од Ерменија – Compass Band, кои освоија 98 поени.

Во шоуто гостуваа и Ралф Макенбак, победникот од 2009 година, како и Рејчел, која минатата година го освои второто место за овогодинешниот домаќин Холандија.

Победничката на детскиот Евросонг 2012, Анастасија е 10-годишно девојче и е бескрајно благодарна за оваа победа. Интересно е тоа што нејзината постара сестра Викторија го постигна рекордот за најдобра позиција на Украјна на овој избор, кога во 2008 година заврши на второто место, а сега младата Анастасија постигна нов рекорд со победничката композиција „Небо“.

Победникот беше избран во комбинација од телефонското гласање, жири комисиите од цела Европа и специјално детско жири. Целосната листа според гласовите е следната:

  1. Украина – 138 поени
  2. Грузија – 103 поени
  3. Ерменија – 98 поени
  4. Русија – 88 поени
  5. Белгија – 72 поени
  6. Шведска – 70 поени
  7. Холандија – 69 поени
  8. Израел – 68 поени
  9. Белорусија – 56 поени
  10. Молдавија – 52 поени
  11. Азербејџан – 49 поени
  12. Албанија – 35 поени

Во продолжение погледнете ја Анастасија со победничката композиција „Небо“.

 



Врати се горе ↑