Свет

27 февруари, 2019

Украина ја повлече евровизиската претставничка заради Русија

Ана Корсун, позната по уметничкото име Марув, дисквалификувана е од Евросонг само неколку часа по изборот за претставничка на Украина на натпреварот за најдобра песна на Европа. Со песната „Siren Song“ Ана Корсун ја освои публиката и победи на „Видбир“, украинскиот избор на песна за Евровизија.

Набрзо потоа, неколку украински политичари се спротивставија на нејзиното заминување на Евросонг поради нејзините настапи по Русија. Националната телевизија на Украина ѝ понуди договор според кој Марув мора да ја одложи турнејата по Русија планирана за март и за април, но пејачката одби.

Related image

„Денеска имавме состанок со јавната телевизија и не успеавме да постигнеме договор. Победив со голема гордост и бев подготвена да ја претставувам својата татковина, а забраната за концерти низ Русија не е опција од принципиелни причини“, напиша Марув на Фејсбук и додаде дека не сака незиниот настап да биде во функција на промовирање на политичарите.

„Јас сум граѓанка на Украина, плаќам данок и искрено ја сакам својата земја. Не сакам преку мене да се собираат политички поени. Јас сум музичарка, а не лилјак во политичката арена. Сакам креативност без цензура“, порача Марув.

 

Поканата да ја претставуваат Украина ја одбија и второпласираните на „Видбир“, како и популарната украинска група „Казка“, па веќе има најави дека земјата можеби нема да учествува на фестивалот годинава.



Врати се горе ↑