5 јуни, 2015

Учесничката на „Х фактор“, Јелена Жнидариќ доби песна од Александра Ковач

20-годишната Јелена Жнидариќ од Загреб, која иако доби одлични критики на аудицијата на „Х фактор“, сепак не успеа да го помине „предизвикот на шесте столчиња“ во втората фаза од натпреварот. Меѓутоа, и покрај тоа што Жељко ја „откачи“, на Александра Ковач многу ѝ се допадна и ѝ вети дека ќе ѝ направи песна.

Речено – сторено! Единствената дама во жирито се потруди да создаде одлично првенче за младата пејачка, а како резултат од сето тоа деновиве пристигна темата насловена „Жива сам“. Како автор на музиката и текстот се потпишува Александра Ковач, која заедно со Јелена ги отпеа и придружните вокали, а во аранжманот и продукцијата ѝ помогна Роман Горшек, додека мастерингот го направи Том Којн (Tom Koyne) во студиото „Стерлинг саунд“ во САД.

„Жива сам“ пристигна заедно со видео запис во режија на Димитрије Јоковиќ, а монтажата ја направи Владимир Марковиќ. Целиот проект е на „РАпродукција“, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑