Македонија 10411200_10205287251850136_3162531155458370754_n-550x300

16 ноември, 2014

Учениците од средното музичко во Штип ја воодушевија публиката во Турција

Учениците од средното државно училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип, кои се во Турција, на голем концерт направија растур во Истанбул, пишува „1.мк“. Со македонската етно музика покажаа вистинска умешност која ги воодушевила домаќините и буквално ги кренала на нозе сите присутни во салата.

Станува збор за концерт кој е во соработка помеѓу ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ од Штип и „İTÜ Türk Musikisi Devlet Konservatuvarı“ од Истанбул. Оркестарот е под диригентска палка на проф. Тоше Митрев и Народниот оркестар во класата на проф. Илија Ќосевски, а особено заслужни за ваквиот феноменален настап на штипјани се домаќините Серпел Муртезаоглу и Дениз Челик Гокан Балоглу. Целиот концерт бил пренесуван и во живо на интернет на „ТРТ Мјузик“, а галеријата со фотографии можете да ја погледнете на „1.мк“.



Врати се горе ↑