4 август, 2017

Убавините на Гана во новото видео на Ед Ширан за „Bibia Be Ye Ye“

Ед Ширан екранизираше уште една тема од актуелниот албум „Divide“, а соодветно за жешките летни денови, изборот падна на „Bibia Be Ye Ye“, која е вистинско освежување со заразниот ритам и звук.

Имено, барајќи инспирација за новиот материјал, музичарот минатата година ја посетил Гана и како резултат од тоа се роди токму оваа песна, чиј наслов на дијалектот Твај значи „Сè ќе биде добро“. Токму затоа и самото видео е снимено таму, прикажувајќи ги убавините и културата на оваа прекрасна африканска земја.

За целото искуство да биде што поавтентично, од Гана е и самиот режисер на видеото, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑