27 септември, 2014

„Уан репаблик“ со видео запис за подигање на свеста за цистичната фиброза

Шестиот сингл од последниот албум „Native“ од составот „Уан репаблик“ е песната „I Lived“, која деновиве доби и свое видео издание. Бендот реши со оваа екранизација да придонесе за подигање на свеста за цистичната фиброза, па така главната улога му припадна на младиот тинејџер Брајан Ворнеки, кој боледува токму од оваа болест. Во видео записот Брајан зборува за својот живот со ова тешко заболување, како и на начинот на кој тој се обидува да ја подигне свеста за истото. Потресното и инспиративно видео во режија на Ноубл Џонс можете да го погледнете горе.



Врати се горе ↑