Настани фестивал

10 јуни, 2015

„Уан деј фест“ на 19 јуни на Скопско кале

Забавата за почеток на ова лето започнува на најзелената скопска локација – Скопското кале. „Уан деј фест“ (One day fest) оваа година ќе се одржи за првпат и е еднодневен фестивал кој ќе ги собере сите возрасти на едно место, ќе ни пружи незаборавна забава и 5-часовно музичко задоволство со омилените музички изведувачи на младите на овие простори, a ќе биде од хуманитарен карактер за помош на Иван Трајковски, кој боледува од акутна леукемија и му е потребно итно лекување во Германија.

Настапуваат : „Елитни Одреди“, Тајзи, „Чил плеј“ (Chill Play), диџеј Фокс (Dj Fox), диџеј Спикер (Dj Speaker), диџеј Сајленс (Dj Silence), диџеј Маск (Dj Masque), „Неврмајнд“ (Nevermind), „Бед инфлуенс“ (Bad Influence Official), а во рамките на фестивалот „Баскерфест“ ќе има и перформанси со оган со баскер изведувачи.

Од организацијата ветуваат уште многу други изненадувања за вечерата. „Живата свирка ќе ве расположи, електронската музика ќе ја крене атмосферата, а  спектакуларните музички групи ќе ви ја направат вечерта незаборавна“, велат организаторите.

Картите се во претпродажба по цена од 300 денари.

Од 05.06 до 14.06 = 300ден.
Од 15.06 до 19.06 = 400ден.
На врата = 500ден.

Продажните салони на ONE во:
Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово,Гостивар, Битола, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија;

во Скопје:
Југотон (ГТЦ 1 кат),
Универзална Сала,
Тобако – МПМ ПРЕС,
Тобако 2 -Скопјанка,
Тобако – Дрводекор,
Супер Тобако 8;
Кафе Браво ;
Кафе Круг

Пивница Стар Град

Винотека Темов
во Тетово: Алпине Спорт,
во Охрид: Њу Тобако
во Кавадарци: Ровим Ком



Врати се горе ↑