Свет 1d

5 септември, 2014

Уан Дајрекшн во Гинисовата книга на рекорди

Тинејџерската сензација Уан Дајрекшн влезе во историјата и во Гинисовата книга на рекорди како прва група од Велика Британија чии први три албуми се искачија на првото место во Америка. За овој голем успех сигурно е дека најголем придонес имаат милионите фанови кои петте момчиња ги имаат ширум целиот свет.

Покрај нив, Гинисовиот рекорд сега го држат и актерката Џенифер Лоренс за најпопуларна акциона хероина (улогата на Кетнис Евердин), Мајли Сајрус како личност која е најчесто пребарувана на Гугл, додека серијата „Игра на тронови“ го држи рекордот за телевизиска емисија која е најмногу илегално симнувана од интернет со неверојатни 5 900 000 симнувања по епизода. На овие познати личности им се придружи и Шакира, како личност со најмногу допаѓања на Фејсбук, бидејќи нејзината фан страница ја следат преку сто милиони корисници на оваа социјална мрежа.

„Гинисовата книга на рекорди 2015“ официјално ќе биде издадена следната недела.

 

 



Врати се горе ↑