Свет One-Direction-Midnight-Memories

9 септември, 2013

Уан Дајрекшн најавија нов албум

Британската сензација Уан Дајрекшн деновиве го најави својот трети по ред студиски албум, а изданието насловено „Midnight Memories“ ќе пристигне на 25-ти ноември. Хари Стајлс на својот Твитер профил напишал дека мисли дека новиот албум ќе им се допадне на публиката. Познато е дека на ова издание ќе се најде и нивниот актуелен хит сингл „Best Song Ever“.

Откако учествуваа на познатата музичка емисија X Factor во 2010 година, Лиам Пејн, Зејн Малик, Луис Томлинсон, Најл Хоран и Хари Стајлс имаат продадено 32 милиони албуми ширум светот. За 2014 година момците најавуваат светска стадионска турнеја.

 



Врати се горе ↑